Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Мицкоски предлага политичари да не можат да се аболицираат и собранието да гласа за НАТО пред да се распушти

Аболирани лица да не можат да се занимаваат со политика или друга…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аболирани лица да не можат да се занимаваат со политика или друга јавна дејност. И да се консултира правната фела за забрана за аболиција на лица кои се занимавале со политика бара ВМРО-ДПМНЕ. Ваквиот предлог лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски денеска го изнесе во контекст на последните случувањса со одлуката на Уставниот суд околу аболицијата на Иванов.

Уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија. Очекувам ова да биде прифатено и од страна на СДСМ и Заев, наместо со замки и удбашки методи да прифатат принципи и вредности. Македонија не верува во амнестии, Македонија верува во правда и принципи. Мора да создадеме систем кој независно ќе суди, ќе докажува криминал и ќе има одговорност за сите кои докажано се огрешиле кон законите и Уставот, рече Мицкоски.

Според Мицкоски Заев и СДСМ прават подготовка за некоја идна аболиција која треба да се испорача од Пендаровски.

Реклама

Барањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се услов за поддршка на иницијативата на СДСМ за автентично толкување на членот 11 – а од Законот за помилување. Мицкоски рече дека е против аболиција и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја иницијатива која ќе значи крај на злоупотребата на помилувањето.

Сепак за разлика од него, опозицијата прво бара поддршка за нивната инициатива,. а потоа да се разговара за нови предлози.

Мицкоски зад настаните во Уставниот суд  гледа и страв на власта за по изборите. За да не се одложат изборите, тој ќе побара од пратенициоте на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат и иницијатива за ратификација во собранието на протоколот за НАТО пред изборите, а со одложено дејство. Односно распуштањето на пшарламентот да не биде пречка да се гласда за него.

 

Градимир Марковски