Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека како држава се справуваме најдобро со пожарите, имајќи го предвид фактот со се она што се случуваше ова лето со пожарите во другите држави како Франција, во Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција и соседна Србија.

– Во 2024 година во јуни месец сите три воздухоплови или познати во јавноста како „ер трактори“ беа приземјени без да биде направен соодветен ремонт на време. Оваа година ремонтот на овие три воздухоплови беше направен и завршен и тие беа на писта во мај месец оваа година. Значи беа целосно подготвени за да интервенираат онаму каде што има криза, рече Мицкоски при посетата на Прилеп.

Тој потсети дека минатата година заедно со Министерството за одбрана и внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи и уште неколку други институции, ги пренамениле воените возила во противпожарни.

Реклама

– Минатата година заедно со Министерството за одбрана и внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи и уште неколку други институции, влеговме во процес во којшто ги пренаменивме воените возила, познати помеѓу армиските старешини и војници како пинцгауери, хермелини, бе-те-ери и така натаму, во возила во коишто им беше вграден резервоар, којшто ние денеска го полниме со вода, ќе ги користиме овие возила. Информиран сум дека седум такви беа користени изминативе денови со којшто се справувавме со пожарната стихија тука во во Прилеп и Прилепско – изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека оваа година 300 доброволци беа примени во рамките на Дирекцијата за заштита и спасување со договор на дело во определено време во рамките на проектот, и нивниот ангажман е регулиран од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, нешто што, посочи тој, досега никогаш во минатото не беше направено.

– И можам да заклучам дека ако оваа година се спореди со она што се случуваше во Европа, пожарите коишто беа во Франција, во Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција, соседна Србија, ова што последно се случува, сметам дека ние како држава се справивме најдобро досега, потенцира Мицкоски.