Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Мицкоски, Хоџа и Стефковски на увид во изградбата на фекална канализација во Идризово, во вредност од 50 милиони денари

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, придружуван од ​министерот за животна средина и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, придружуван од ​министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба.

Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот изнесува околу 50 милиони денари, а средствата се обезбедени од вториот јавен повик на Владата. 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски истакна дека досега општината има изградено 36 километри нова мрежа на фекална канализација во населените места Смилковци, Црешево, Страчинци и неколку фази во Јурумлери и Гоце Делчев.

Реклама

-Од првиот ден на мојот мандат работиме интензивно на решавање на децениските проблеми во повеќе населени места. Она што со радост сакам да го соопштам е дека преку Владата обезбедивме средства и за изградба на последната фаза од фекалната канализација во Јурумлери и за неколку недели од денес започнуваме со реализација на тој проект. Заедно во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање, во постапка е избор на економски оператор којшто ќе ја реализира последната фаза од изградбата на фекална канализација за населените места Гоце Делчев и Чукур маало, Трубарево – рече градоначалникот на Гази Баба.

Потенцира дека како општина се претвориле во големо градилиште: се гради ново училиште, се прошируваат две нови основни училишта, се градат нови две детски градинки, се градат нови спортски сали, се асфалтираат улици, се градат фекални канализациони мрежи и најави дека така ќе продолжат и во наредниот период со цел да се обезбеди подобар животен стандард на сите наши сограѓани.

Министерот Хоџа нагласи дека ​овој проект е од исклучително значење за жителите на оваа населба, а исто така и за животната средина во околината.

-​За реализација на овој проект, се обезбедени околу 50 милиони денари, средства кои се обезбедени од вториот повик на Владата на Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на Македонија, вложува или инвестира во системски решенија кои трајно ќе ги решаваат проблемите на граѓаните – рече Хоџа.

Премиерот Мицкоски истакна дека овој сложен проект како Влада одлучиле да биде еден од приоритетите со коишто ќе се гради Македонија како држава, а граѓаните ќе добијат подобри услови за живот.

​-А сите овие проекти кога ќе ја добијат својата форма онака како што се замислени, тогаш сигурен сум дека ќе имаме и голема додадена вредност врз квалитетот на животот на сите граѓани – рече Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: