Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Мицкоски: Ако пораката која сака власта да ја испрати кон опозицијата е страв, тогаш нашиот одговор е одлучност

Мицкоски на својата фејсбук страница објави статус во кој го осудува настанот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мицкоски на својата фејсбук страница објави статус во кој го осудува настанот во населбата Ѓорче Петров, каде беше флрен експлозив во семејниот дуќан на семејството Мисајловски, притоа за настанот обвинувајќи ја власта.

Тој во својот фејсбук статус напиша:

„Вистинското лице на власта е она кое се случило утринава во Ѓорче Петров каде е фрлена експлозивна направа во семејниот дуќан коj е во сопственост со децении на семејството Мисајловски. Овде не се работи за “случаен” пожар каков му се случи на Vlado Misajlovski пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на власта на СДСМ. Таму треба да се бараат нарачателите и инспираторите на сето ова. И ова е израз на целосна немоќ, страв од пораз и тотална забеганост. Во таква една специфична состојба за нив, тие атакуваат врз слободата и интегритетот на првите лица на опозицијата. Ќе потсетам дека и Игор Дурловски беше вербално нападнат од советник на премиерот. Ова раководство на владејачката партија е свесно дека губи и дека им нема спас, ова е крик на очајни луѓе кои прават се за да не одгововараат пред лицето на правдата. Ама падот е неизбежен и ништо не може да ги спаси. Овде битката е дали ќе им дозволиме на такви бандити да ни ја земат државата и ги контролираат нашите судбини или народот ќе си ја врати државата кај себе. Тие не се свесни дека јас и сите околу мене се решени да одиме до крај додека не го поразиме ова зло. Македонија е многу повеќе наша и на чесниот народ, колку што е на криминалците кои сакаат да печалат на туѓата мака. Ако пораката која сака власта да ја испрати кон опозицијата е страв, тогаш нашиот одговор е одлучност. Тие сакаат држава со искривена кичма, ние ќе ја исправиме Македонија и ќе ги победиме. Мојата поддршка за Владо Мисајловски. Македонија е посилна од сите нив.“

Реклама

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1584558638386256?__tn__=-R