Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Мицкоски : Аферата „кеш“ покажува колку е трул правосудниот систем

Правда нема , ама има кеш за Заев и неговото раководство. ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правда нема , ама има кеш за Заев и неговото раководство. ВМРО-ДПМНЕ денеска побара сеопфатна истрага од независни ревизори за аферата „кеш“ која ги тресе обвинителите од пропаднато СЈО. Мицкоски најави дека ќе предложи закон за испитување и утврдување на потеклото на имотот на обвинители судии но и политичари. Повика да го испитаат него и неговото семејство, ама и семјоството Заеви и Премиерот.

„Еве јас ќе ги повикам институциите прв да ме проверат мене и моето семејство, но на иста таква проверка да подложи и Заев, министрите, директорите, судиите, обвинителите. Се што има индиции за нечесно стекнат имот да биде вратено кај народот“ , изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Аферата Кеш покажува колку е трул правосудниот систем кој е ставен во функција да и служи на власта . Мицкоски вината за дебаклот на правосудниот систем ја гледа во Премиерот.

Реклама

-Гледаме како тоа СЈО си имала и приватна полиција платена со народни пари, преку началникот на Алфите. Гледаме како и ќерките, синовите, внуците на судиите, обвинителите, земале покрај платата и паушали во илјадници евра. Скоро и да немало вработен кој не е таму по пат на непотизам, или по партиски клуч да му служи на Зоран Заев и СДСМ. И наместо правда, добивме рекет, наместо правна разрешница, добивме изигрување на процедурите, наместо независност, добивме партизираност, наместо заштита, добивме атак врз словото на Уставот и Законите, изјави Мицкоски.

Откако јавноста дозна за баснословните суми кои ги земале обвинителите во сјо, но и луѓе од власта, директори па и новинари обвинителството најави дека ќе се испитуваат сите договори за вработување, договорите за доверливост, исплатите на плати, надоместоци и бонуси. Само обвинителката Фетаи
не гледа ништо спорно и неморално во огромните надоместоци кои ги добивале таа и нејзините колешки за молчење во врска со доверливи документи.

Елена Марковска