Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-, силен сигнал за доверба во економските политики, растот и фискалната стабилност

Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи, информираат од Министерството за финансии (МФ).

Потврдата на рејтингот, како што велат, претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги сервисира своите финансиски обврски, како и да обезбеди континуитет во водењето на економските политики, дури и во услови на зголемена глобална економска неизвесност.

Кредитната агенција „Стандард енд пурс“ (Standard & Poor’s) го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед. Нивните очекувања се дека македонската економија годинава ќе се

-Во извештајот, „Стандард и Пурс“ нотира дека економскиот раст забрзува, поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во рамки на големите инфраструктурни проекти, како и од растот на приходите на домаќинствата преку зголемување на платите и пензиите, велат од МФ.

Реклама

Агенцијата, додаваат, очекува економскиот раст да достигне околу 3,5 проценти во 2026 година, додека на среден рок растот ќе се стабилизира околу 3 проценти, со постепено зголемување на улогата на приватните инвестиции и надворешната побарувачка.

-Агенцијата ја нотира и определбата на Владата за забрзување на економскиот раст преку реализација на крупни инфраструктурни проекти, како и заложбите за зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на деловното опкружување, поефикасна наплата на јавните приходи и намалување на сивата економија. Во извештајот се наведува дека политиките се насочени кон поддршка на домашната побарувачка, преку раст на платите и пензиите, како и продолжување на фискалната консолидација, се наведува во соопштението.

Почнува примената на измените на Законот за данок на личен доход со кои се става во мирување примената на прогресивниот данок на личен доход. Следните 36 месеци доходот од работа, доходот од

Со усвоениот Буџет за 2026 година како што е наведено  во извештајот се предвидува умерено намалување на буџетскиот дефицит, кој е проектиран на 3,5 отсто од БДП, при задржување на високо ниво на капитални инвестиции.

Приходите се очекува да растат побрзо од расходите, како резултат на подобрена наплата и солидна економска активност, додека расходната страна останува ориентирана кон капитални инвестиции во инфраструктурата, како и плати, пензии и социјални трансфери.

Агенцијата оценува дека фискалната консолидација е во тек, иако јавниот долг останува повисок во споредба со периодот пред пандемијата.

-„Стандард и Пурс“ во извештајот наведува дека надолните ризици поврзани со надворешното опкружување, особено економските движења во Европската Унија, се во голема мера избалансирани со отпорноста на домашната економија, стабилноста на финансискиот систем и претпазливиот пристап на монетарната политика, прецизираат од МФ.

Агенцијата, нагласуваат, во извештајот исто така нотира дека понатамошниот напредок во спроведувањето на институционалните и структурните реформи, особено во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата, може дополнително да ја зајакне економската и фискалната позиција на земјата и да придонесе за подобрување на кредитниот профил.

Кредитниот рејтинг на земјата се оценува двапати годишно од страна на „Стандард и Пурс„ како и од агенцијата  „Фич“. Тој претставува клучен индикатор за инвеститорите при носењето одлуки за инвестирање, а го покажува степенот на ризик од инвестирање.