Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

МФ: Речиси три милиони евра нова транша од Ббџетот за поддршка на домашните компании, досега пласирани над 227 милиони евра

Нова транша од 176,6 милиони денари или приближно 2,9 милиони евра се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова транша од 176,6 милиони денари или приближно 2,9 милиони евра се трансферирани од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

Ова е втора транша во оваа година што се пласира кон Развојната банка, а оттаму кон комерцијалните банки, преку кои се пласираат средствата кон крајните корисници, компаниите.

Досега во домашната економија вкупно се пласирани 14 милијарди денари или 227,3 милиони евра.  

Реклама

– Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95 отсто годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс-период до три години – велат од Министерството за финансии.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на речиси 300 милиони евра.