Реклама

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

Економија

МФ: Нема затворање на трезорот и доцнење на исплатите од државната каса

Трезорот ќе остане отворен. Министерството за финансии остро ги демантира шпекулациите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трезорот ќе остане отворен. Министерството за финансии остро ги демантира шпекулациите и обвинувањата дека исплатите од државната каса ќе запреле денеска зашто во буџетот наводно немало пари. Гордана Димитриеска – Кочоска е зачудена како опозицијата може да спинува за вакви сериозни теми, вели дека не и е јасно зошто СДСМ се обидува да внесе страв кај јавноста, а додава и дека е најдобро институциите да ги достават налозите што поскоро за да може навреме да се прегледаат и да се исплатат пред да заврши буџетската година.

„Многу несериозно е да се каже Трезорот затвора. Трезорот ги прибира налозите со цел подобро да се организира до крајот на годината. Како ќе затвориме, клуч ќе ставиме на Министерството и ќе одиме на зимување. Не е така, Трезорот ќе си работи до 31-ви и тоа е вообичаено. Трезорот е единствениот сектор во Министерството којшто останува до седум – осум часот, имало и години до 11 часот навечер кога Трезорот работел“, рече Димитриеска-Кочоска.

Димитриеска Кочоска вели дека фактите јасно говорат дека пензиите, платите, надоместоците се исплаќаат редовно, дека се што доаѓа за исплата, легнува на сметките на корисниците. Се се сервисира на време и простор за паника нема – уверува Димитриеска Кочоска.

Реклама

„Доколку има задоцнување, тогаш тоа е во ресорните институции при подготовка на налозите. Од она што го имав добиено како податок од Министерството за социјална политика беше дека имаат нови потпишани решенија кои чекаат да се стават во систем и да почне исплатата наеднаш. Тогаш да проверите во рамки на самите министерства решенија што не се потпишувале од септември бидејќи сме биле во избори така што не станува збор за тоа дека Трезорот не исплатил. Во петокот имавме исплата на три милијарди од кои две милијарди и 400  се само блок дотации за образование каде е вклучена и исплатата на К-15“ – рече Димитриеска-Кочоска.

Претходно и премиерот ги негираше обвинувањата на опозицијата дека владаат за првпат наводно ќе стави клуч на трезорот на 15 декември. Мицкоски потврди и дека ќе се испалти К-15 за вработените во државните институции во текот на месецов.