Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Мерните станици на „Амбикон“ собираат податоци во Трубарево

За седум дена треба да бидат познати првичните анализи од мерните станици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За седум дена треба да бидат познати првичните анализи од мерните станици за квалитетот на воздх кои вчера ги постави акредитираната лабараторија Амбикон при штипскиот Универзитет. Поставени се два уреди кои континуирано, 24 часа, наредните пет денови ќе земаат проби од честичките кои подоцна ќе бидат анализирани. Едната мерна станица се наоѓа на педесеттина, а другата на стотина метра од складиштето за рециклирање на електронски отпад и пластика, на компанијата Ф-Групација во Трубарево, кое изгоре во саботата. Ќе се анализираат 32 елементи, како и никел, кадмиун, арсен, олово и жива.

„Анализите вклучуваат целосен хемиски состав-елементарен состав на честичките, како и дополнително се анализираат водорастворливите јононитрати, сулфати, амониуми, хлор, калиуми елементарен јаглерод. Тоа е стандарден сет на анализи коишто ќе ни овозможи заедно со метлите, вклучително и регулираните метали да направиме проценка на квалитетот на воздух во наредните неколку дена„ изјави проф.Дејан Мираковски

Засега не може да се оцени зоната на дисперзија на честичките што се ослободени во воздухот. Тоа зависи од количината и видот на матрејалот што изгорел, но и од атмосферските услови. Првична проценка тешко може да се направи бидејќи се уште нема точни информации што точно имало во складот. Со согорувањето на литиумските батерии и пластика се формираат и гасови и честички и дел од нив се трајни органски загадувачи, објаснува проф.Мираковски.

Реклама

„Не се работи за фабрика, туку за склад и нема точни информации колкави количини имало од матрејали внатре. КОга ќе се добијат сите информации може со реверзибилно моделирање да се процени зоната , а може и со директно земање примероци од околината , по некаков распоред и да се утврди колкава е таа зона која преставува ризик. Тоа зависи од многу фактори и било каква дискусија , односно раширувањето во поголем простор ја намалуваконцентрацијата и не би требало да се очекува некаков хемиски ризик во екстремно голема зона„ изјави проф. Мираковски.

Освен на воздхот, предвидено е да се прават анализи и на водата и почвата во регионот. По утврдувањето на овие параметри ќе биде познато дали ќе треба да се врши чистење и санација на евентуално контаминиранат зона.