Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Мерко се исплаши: Симната скандалозната спомен плоча со која се велича фашистичката окупација на Струга

Скандалозното обележјесо кое се велича фашистичката окупација на Струга, после 5 месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалозното обележјесо кое се велича фашистичката окупација на Струга, после 5 месеци од поставувањето,го снема од пред влезот од општинската зграда. Рамиз Мерко во симна, воочувајќи дека со промена на власта, се промени и начинот на постапување на правосудните органи,кои после 6 години ги извадија од фиока сите кривични пријави против него. За спомен плочата која беше поставена без одобрение и надвор од сите законски процедури, ОЈО оформи предмет по пријава од советниците од ВМРО ДПМНЕ.

 „Ние остануваме на ставот дека кривното дело е веќе извршено и обвинителството е должно да поднесе обвинение против градоначалникот како сторител на кривичното дело, а Основниот суд во Струга да донесе осудитела пресуда, со која ќе го огласни за виновен и ќе му изрече најсторога санкција пропишана со закон.Само на овој начин ќе се воспостави судска пракса со коај ќе се спречи во иднина таквото спомен обележје да биде поставено на општинската зграда, но и ќе се спречи во иднина на територијата на Република Македонија да никнуваат скандалозни споменици и спомен обележја со кои што се поттикнува и разгорува омраза, раздор и нетрпеливост по било која основа и со кои се загрозува уставниот поредок на Република Макеоднија”, вели Ален Деребан,ВМРО ДПНЕ Струга

Поврзано со овој случај ,директорката на струшкото  „Браќа миладиновци“ Албана Жута, на училишниот патронат ја забрани македонската химна и одржа говор величајќи гофашизмот. И за ова ВМРО ДПНЕ поднесе кривична пријава потпишана од околу 200 поднесители меѓу кои родители на учениците но и наставници од училиштето.И ова не е прв испад на директорката која Мерко незаконски ја постави.

Реклама

„На прославата организирана по повод денот на албанското знаме од нејзина страна беа истакнати симболи со картата на територијата на голема Албанија со делови од територијата на Република Макеоднија во неа”, вели Деребан.

Очекувме вели Деребан ОЈО  брзо да покрене обвинение не само за спомен плочата на оштинската зграда и инцидентот во “Браќа Миладиновци” туку и за 3,5 метарски споменик посветен на Косово лоциран на самиот кеј на реката Дрим. Инаку Мерко веќе седна на обвинителна клупа за набавката на луксузниот автомбил ауди А6 и за незаконското поставување директори во училиштата во Струга и струшко.

Росица Голабоска