Реклама

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

Прилози

Мерко на неговиот меѓународниот Универзитет во Струга сака да отвори факултет за здравствени науки

На Меѓународниот Универзитет во Струга зад кој стои Рамиз Мерко, ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Меѓународниот Универзитет во Струга зад кој стои Рамиз Мерко, ќе се отовора Факултет за здравствени науки. На последната седница на Влада се најде информацијата дека Универзитетот доставил проект за основање на факултет за здравствени науки, што предзвика силни реакции. Во време кога техничката влада од позиција на премиер ја води кадар на ДУИ, Мерко се обидува да издејствува отворање на уште еден факултет притоа заобиколувајќи ја Агенцијата за квалитет на високо образовани и одборот на акредитација, тоа се тела кои треба да го разгледаат проектот –вели пензионираниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, притоа без задршка коментирајќи што се случува на со години на Меѓународниот универзитет

„На тој Меѓународен универзитет на Мерко нема никакви услови за такви нешто,нема кадар, од каде ќе го собира кадарот, од каде ќе биде тој стручен кадар.Кога ние тешки услови имаме за формираните кадри на тетовскиот универзитет, нема дури и на штипскиот универзитет, да не зборуваме за битолскиот, тој ќе отворал кадар.Тоа е само отворање на кадар за перење на пари и давање на дипломи.Прво докторската ненострифицирана диплома на Рамиз Мерко е од Нови Пазар. Мерко има наставно научно знање вонреден професор, тоа е срам”, вели  Ѓорѓи Илиевски.

Потсетува дека на Универизетот се откриени  над 800 ненострифицирани дипломи, а голем дел високи функционери се описмениле токму во оваа високо образовна институција во која Мерко го вдомил целото свое семејство. Дали на Струга и е потребен приватен факултет за здравствени науки, гласно размислуваат и од ВМРО ДПНЕ. Мерко годинава ја укина медицинската насока во средното Нико Нестор, а бара формирање на Факултет за здравствени науки.

Реклама

Нашите сомнежи се во поглед на тоа какви се’ капацитите постојат таму за да се одвива една ваква настава и зошто министерот за образование и градоначалникот ги убедуваат стручните лица во средното основно училиште “Нико Нестор”, дека медицинскиот кадар од тој вид е суфицитарен и дека нема да имаат можност да ги вработуваат идните генерации”, вели Никола Кукунеш од ВМРО ДМНЕ“

„Кога САД со името на Рамис Мерко ја закитија црната листа сите мислевме дека ќе сопре, ќе се повлече или барем ќе се обиде да ја поправи сликата за себе. Наместо, најчесто, логичните постапки тој се затвори и за јавноста и за медиумите и продолжи уште поревносно да ја спроведува својата деструктивна агенда, растурање на сѐ што некогаш значело државна гордост“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Росица Голабоска