Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Мерката вроди со плод: Бензините со иста цена, дизелот поскап за 3 и пол денари по литар

Бензините со исти цени, дизелот поскап за 3 и пол денари. Регулаторната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бензините со исти цени, дизелот поскап за 3 и пол денари. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени. Бензините од 95 и 98 октани, ќе се продаваат по исти цени од 86,5, односно 88,5 денари по литар. Дизелот ќе се продава за 95,5 денари по литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 47,610 ден/кг. Овие цени ја имаат в предвид вонредната мерка на Владата и се пресметани со пониска повластена стапка на ДДВ од 10%, наместо 18%. Токму вакви беа очекувањата на власта, кај бензините да нема промени, а дизелот минимално да поскапи. Доколку останеше на сила ДДВ-то од 18 % цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 ден/л, а дизелот ќе поскапеше за 10,50 ден/л.

ЦЕНИ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

ЕУРОСУПЕР 95                           86,50 (денари/литар)

Реклама

ЕУРОСУПЕР 98                           88,50 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ                                 95,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно   92,00 (денари/литар)

Мазут                                            47,610 (денари/килограм)

Инаку, граѓаните не мора да чекаат од понеделник до понеделник за нови цени. Поради вонредните мерки на Владата и попустот на ОКТА кон малите трговци, Регулаторната комисија за енергетика повторно го промени Правилникот за почесто да ги определува цените на нафтените деривати.

„Ако помеѓу две редовни седници со акт се направат промени на износите на надоместоците или даноците или таксите што се вклучени во пресметката, тогаш на вонредна седница се донесува нова вонредна одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, во која се вклучени новите износи на надоместоците или даноците или таксите, а просечната берзанска цена и средниот курс денар/USD остануваат исти како и во последната одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт“ – велат од РКЕ.

Инаку Владата очекува и дополнителен попуст од ОКТА поголем од првичниот од 2 денари по литар. Премиерот не исклучува ниту намалување кај акцизите кои изнесуваат 22 денари по литар кај бензините, односно 15,5 денари по литар кај дизелот. Сепак, вели дека интервенцијата кај ДДВ придонела за поголем пад во цената, па затоа Владата ја усвои како вонредна мерка. На овој начин, премиерот вели дека дневно граѓаните и фирмите штедат 200 илјади евра, а на неделно ниво 1,5 милиони евра. Тој информира дека снабдувањето со енергенси е стабилно. Се уште имало притисок на бензинските пумпи во пограничните региони, бидејќи Македонија има поевтини горива, со што потрошувачката е зголемена за 150 илјади литри.

Вонредната мерка за намалување на ДДВ кај горивата од 18 на 10% Владата ја донесе вчера, по тринеделниот притисок врз цените како резултат на тензиите на Блискиот Исток. Вакви мерки се носат во рамки на кризна состојба која ќе трае 30 дена. Ако има потреба таа да се продолжи, одлуката ќе треба да помине во Собрание.