Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

„Меморија“ низ музички времеплов во МКЦ – Изложба на фотографии

Со многу емоции и носталгија – македонската рок група Меморија, покрај најавениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со многу емоции и носталгија – македонската рок група Меморија, покрај најавениот концрет на 25-ти месецов во МКЦ, годинава ја заокружуваат со музички времеплов – Изложба на фотографии од најзначајните моменти на групата од нејзиното постоење. Во наредните седум дена верните фанови на Меморија ќе можат да се вратат низ времето. Изложбата ги открива ретките и култни настани од повеќе од четири деценискиот музички пат – од првите проби и настапи па до големите сцени и незаборавните средби со публиката.

На концертот кој Меморија го нарече „Аll stars“ ќе свират повеќе од 24 музичари кои низ годините биле членови на бендот. Концертот е најавен како музички времеплов преку кој легендарната група ќе ја прошета публиката низ годините и својот репертоар на најпознати хитови, но ќе се изведат и некои од првите песни кои досега не ги свиреле во живо.

Пред повеќе од 40 години, групата го имаше својот прв концертен настап токму во познатата Денсинг сала на тогашниот Дом на млади „25 Мај“. Во тоа име, на 25 декември на истото место, музичката историја на Меморија ќе се повтори.

Реклама

Давид Крстевски