Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Меѓународен ден на ромите – како живее најмаргинализираната етничка заедница во Mакедонија?

 Импровизирани куќи од картони и најлон, најчесто на периферијата од градот. Наместо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Импровизирани куќи од картони и најлон, најчесто на периферијата од градот. Наместо асфалтирани и осветлени улици со зеленило, имаат кал до колена, мрак и купишта смет. За вода се снаоѓаат како знаат и умеат, а се прехрануваат со тоа што ќе најдат, колку за да преживеат. Ова е сликата и во првата четвртина од 21-от век од животот на поголемиот дел македонски Роми на кои борбата за голата егзистенција им е секојдневие.

 „Секогаш Ромите можеме да ги најдеме некаде на крајот од градот, било каде по државата. Тоа зборува дека нивните куќи се од картони или од најлони, импровизирани. Надежта на тие луѓе е згасната, нормално. Јас се надевам дека во идната влада ќе има проект за правење нови куќи, како што беше порано „Купи куќа, купи стан“, а сега е „Изгради куќа за млади луѓе“, – посочува Иса Елмазоски.

 „Државата треба најмногу да вложи во ранливите категории, како на пример ромската заедница. Самата држава треба да вложи средства и механизми како да ги подобри условите на живеење на самите Роми и со тоа да ги интегрира во самото општество да бидат дел од креирање на самите политики“ – вели Алмир Сулејманоски.  

Реклама

  Значително намалената дискриминиција во образовнието и се’ уште срамежливото кршење на стереотипите при вработувањето на Ромите, дава извесни позитивни резултати, велат нашите соговорници, ама тоа е далеку од доволно за младите Роми да останат заштитени од масовното иселување.

  „Факт е дека сите сме загрижени за нашата иднина и иднината на нашите деца. Желбата за Запад или за Европа е голема помеѓу младите. Секој што завршил средно, не се гледа тука. Често, младите дома, деца, тинејџери слушаат за Запад, подобар живот, подобра кола, поголеми можности. Јас се надевам на едни подобро времиња и ќе можеме младите да ги задржиме тука“, – објаснува Иса Елмазоски.

 „И ние сме луѓе, ако сме Роми, и ние треба да го живееме животот како секој еден човек. Не треба да бидеме од ништо подолу, како второ сегде треба да бидеме сакани и почитувани“, – ни рече младиот Ерми Јашароски.

  Според последниот попис, во Македонија живеат над 100.000 Роми, кои после Скопје, најбројни се во Прилеп каде ги има околу 6.500. Инаку, од 1990 година, 8-ми април се одбележува како Меѓународен ден на Ромите, а од 1971 година Ромите во светот имаат и свое знаме, како и химна од песната „Ѓелем, ѓелем“.

Каролина Дурло