Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Меѓународен натпревар на готвачи на „Чкембе фест“ во Битола

Под мотото „Од котлето на традицијата до иднината на гастрономскиот туризам“, синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Од котлето на традицијата до иднината на гастрономскиот туризам“, синоќа во Битола почна првиот меѓународен натпревар на готвачи од Македонија, Турција и Унгарија, учесници на манифестацијата „Чкембе фест“.

Викенд натпреварот, кој се одржува на плоштадот „Магнолија“ во Битола, го отвори градоначалникот Тони Коњановски, кој истакна дека новата оригинална манифестација е можност за современа туристичка и гастрономска понуда.

-Гастрономијата и туризмот, културата и забавата, како инспирација за фестивалот, се нова можност Битола да добие уште еден препознатлив настан кој ќе прерасне во традиционален. Гостопримството на Битола повторно се претставува пред домашите и странските посетители, истакна Коњановски.

Реклама

Првите количини чкембе чорба беа вкусени синоќа, а денеска ќе се одвива натпреварувачкиот дел во кој ќе учествуваат девет готвачи од Битола, Куманово, Скопје и од турскиот град Измир. Готвачите ќе ги оценува стручна комисија, а најдобрите ќе бидат наградени на свечена вечера.

Првото издание на манифестацијата „Чкембе фест Битола 2026“ го организираат Здружението за културни, уметнички, традиционални и забавни активности „Гурман плус“ Битола и Здружението за угостителство и туризам „Еснаф“ од Битола.