Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Медицинските сестри со зголемени примања во април

Зголемувањето на мартовската плата за 2.500 денари ќе им го подобри животниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемувањето на мартовската плата за 2.500 денари ќе им го подобри животниот стандард на медицинските сестри во јавното здравство. Со овој пораст на нивните примања, просечната плата на медицинските сестри со средно образование е околу 500 евра. Со покачувањето на примањата во ноември, медицинските сестри добија плус 6.200 денари.

Оние медицински сестри со договори на дело се надеваат на распишување нови огласи за вработување во текот на месецов. Проценките се дека во Македонија недостасуваат од 5 до 6 илјади медицински сестри, потребни за работа во клиниките и здравствените домови..

Медицинските сестри беа меѓу првите кои им помогнаа на повредените од трагедијата во Кочани. Голем дел од нив работат прекувремено за да можат да ги опслужат сите пациенти на кои им треба медицинска нега. На Регионалната конференција на медицински сестри на Југоисточна Европа која се одржува денеска во Скопје, присуствуваат и медицинските сестри кои ги лекуваат пациентите пратени во Бугарија, Србија, Австрија.

Реклама

„Ние важноста на медицинските сестри ја видовме во Ковидот и во вакви ситуации кога ќе настапи кризна состојба. За една мала болница и една сообраќајна несреќа е голема работа, а не па ваква несреќа што се случи со голем број на жртви и многу повредени. Еве видовте дека и во вакви услови, брзо се воспостави заповедна одговорност, ланец, и медицинските сестри, техничарите и лекарите  брзо одговараат на такви ситуации и релативно брзо сите се поврзавме и прууживме помош“

„17 деца дојдоа, од кои 4 беа префрлени во Ниш. Добри се, стабилни, не се на респиратор,такашто се надеваме на најдоброто“

„Кај нас имаше тешко повредени. Ние имаме специјализирано одделение за изгореници во болницата Пирогов . Имавме 7 деца пациенти, кои сега се во стабилна состојба“

Поради нивната пожртвувана работа, медицинските сестри кои се грижат за повредените од Кочани, на Регионалната конференција добија и соодветни признанија за нивниот несебичен ангажман.