Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

„Медицинска сестра во заедницата“ за изнемоштените лица – нов проект на Центарот за развој и едукација од Прилеп

Се’ помасовното иселување на младите од земјава, во последниве години создава се’…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се’ помасовното иселување на младите од земјава, во последниве години создава се’ поголем број на возрасни и изнемоштени лица кои остануваат сами да се грижат за себе, иако повеќе не се кадарни за тоа. Исправени пред овој нов и доста сериозен предизвик, а со цел да им помогнат на ваквите лица, од здружението Центар за развој и едукација од Прилеп веќе работат на нов двегодишен пилот проект – „Медицинска сестра во заедницата“, при што корисниците на оваа услуга од стручни медицински тимови ќе бидат посетувани во нивните домови.

  „Тоа значи дека ќе имаме мобилни тимови со медицински сестри, дека во рамките на проектот и со финансиската поддршка од проктот ќе се обезбеди и дополнителна опрема во домовите, и на лицата би им пружиле и медицинска грижа, воедно физио-терапија, психо-терапија, а ќе имаме и дополнително вработување на професионален кадар од овој тип“, – изјави Марина Тошеска од Здружението – Центар за развој и едукација, Прилеп.

  Според Тошеска, во наредните две години, додека трае проектот, ќе се работи на следењето на бенефитите и продобивките што ги носи оваа услуга, со надеж дека понатаму и таа ќе стане достапна преку релевантните институции на државата, како што беше случајот и со претходниот проект „Помош и нега во домот“, а кој од месец август премина под капата на Министерството за труд и социјална политика. Ова значи дека во иднина Министерството ги презема финансиските импликации за оваа услуга да стане дел од системот за социјална заштита и услуги на ниво на држава. Со ставањето на ваквите социјални услуги под ингеренции на државата, Македонија се вбројува во земјите кои прават сериозен исчекор напред во институционалната грижа за оваа категорија граѓани која кај нас станува се’ побројна, велат упатените.

Реклама

Каролина Дурло