Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Меџити: Поништена одлуката за изградба на асфалтна база во индустриската зона Визбегово

Одлуката за изградба на асфалтна база во индустриската зона Визбегово Владата ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката за изградба на асфалтна база во индустриската зона Визбегово Владата ја поништи, имајќи ги в предвид аргументите на граѓаните и бизнисот дека тоа е штетно. Ќе бараме други решенија, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Меџити денеска ја посети локацијата каде беше предвидена изградбата на асфалтната база, пред стопанствениците, жителите на оваа населба, од каде порача „тука сме да покажеме дека знаеме да ги чуеме граѓаните и бизнисот“.

– Како Влада ги имавме предвид аргументите и одлучивме тоа да се поништи како решение, да се бара друго. Ние сме про-бизнисот, но не по цена на здравјето и природата, изјави Меџити.

Реклама

Меџити, исто така, посочи дека ќе имаат почести состаноци и ќе разговараат и околу други институционални проблеми, како патот и пристапот до економската зона Визбегово.

Драган Цветановски од Здружението на стопанственици на индустриската зона Визбегово, порача дека дислоцирањето на асфалтната база за нив значи прв чекор за враќање на соработката на институциите со бизнисот.

– Наша примарна работа е да работиме, да наоѓаме нови производи и нови пазари и да обезбедуваме услови за работа. Зборувањето за депонија, пат или асфалтна база во Индустриска зона за нас е губење време. Инфраструктурните прашања на Индустриската зона би требало да не се во наш домен и да не разговараме и преговраме за тоа, за жал сме во ситуација во која што сме, порача Цветановски.

Цветановски, исто така, посочи дека барањето што го имаат од пред 15-тина години е изградбата на новиот пат и пристапните патишта до Индустриската зона остануваат главен приоритет.