Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Меџити: Пари од договорoт за стратешко партнерство за расчистување на опасните депонии

Проекти од областа на животната средина како што е елиминирање на депониите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проекти од областа на животната средина како што е елиминирање на депониите со опасен отпад ќе се финансираат со средства од Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, најави денеска во Лондон вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити.

-Освен железничкиот сообраќај, здравство, образованието, кои веќе се договорени, денеска излеговме со нова идеја.  Поконкретно тоа е проблемот со опасниот отпад, кој се влече со децении во нашата држава. Зборувам за линданот во фабриката Охис, за оној во Југохром во Јегуновце кој веќе е штетен по здравјето на луѓето, Ваксинце, Лојане,рече Меџити  кој е дел од владината делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во британската престолнина на потпишување на договорот влада со влада во рамки на стратешкото парнерство на Обединетото Кралство и Македонија.

Воглавно, додаде тој, тоа се некогашни фабрики кои пропаднале, но се сериозен проблем по здравјето на луѓето и по животната средина.

Реклама

-Досега имало напори ова да се реши, но за илустрација, само две третини од малиот базен со линдан во Охис е решен, а тој е во сооднос 1 : 10 со големиот базен, кој што воопшто не е почнат. Мислам дека ова е добра можност да се отстрани овој проблем кој што со децении стои нерешен во нашата држава, рече Меџити укажувајќи на проблемот со финансирање на ваквите зафати во изјавата дадена по средбата на македонската делегација со претставници во одделот за бизнис и трговија на британската Влада.

Прашан дали има проекции за колкави средства би се работело, со оглед дека решавањето на т.н. „жешки“ еко точки се сметаат за едни од најскапите проекти, Меџити истакна дека најпрво ќе треба да се утврди на кој начин ќе се решаваат овие депонии со опасен отпад.за да се направи груба проценка за тоа колку би чинеле таквите зафати.

Според него, потребни се уште осум милиони евра за да се експортира целосно од нашата држава  линданот од малиот базен (лоциран во кругот на поранешната фабрика Охис). Постојат и други солуции како што е да се стави (отпадот) во капсула, со покривање, опција која што е многу поевтина, а такви примери има во Холандија.

-Ние денеска тука побаравме епскертиза, експерти од Британија која долго се занимаваat со ова, заедно да работиме на констатирање на состојбите, да се дефинира целосно проблемот со опасните отпади, а потоа да ги видиме солуциите но и финансиската рамка. Ова е можност со ваков кредит со многу ниска камата да се отстрани еден догогодишен проблем на ниво на државата, вели Меџити.

Проценката е, нагласува тој, дека ќе бидат потребни околу 300 милиони евра ако станува збор за решавање на депониите со  линданот во Охис, Југохром, Лојане и Ваксинце, односно сите оние за кои што е одговорна Владата, а преставуваат ризик по здравјето на граѓаните и животната средина.

-Мора посериозно да делуваме во оваа насока превентивно ако не сакаме во иднина  да се справуваме со хаварии или штетни последици по здравјето и животната средина, кажа Меџити додавајќи дека првите разговори со британски експерти се очекуваат веќе од понеделник.

На македонската владина делегација во чиј состав покрај Николоски и Меџити, е и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, утре ќе и се приклучи и министерката за образование Весна Јаневска. За утре е предвидено потпишувањето на договорот влада со влада со кој Македонија добива историски најголем обем на средства за реализација на капитални проекти од шест милијарди евра.

Текстот на договорот, завчера беше усвоен од македонската Влада, откако двете држави постигнаа согласност за стратешко партнерство.