Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Меџити и Ле Риголер: Соработката меѓу Македонија и Франција ќе се интензивира

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на работна средба на новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристофе Ле Риголер.

На средбата Меџити и Ле Риголер заклучија дека односите меѓу двете земји се одлични, со можност за нивно продлабочување, како на билатерален, така и преку соработка со Европската Унија.

Тема на состанокот беше интеграцијата во Европската Унија, користењето на ИПА фондовите и имплементацијата на Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција, во рамки на ИПА II Програмата, до крајот на 2026 година.

Реклама

Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека Министерството за животна средина и просторно планирање има за цел да воспостави систем за управување со цврст отпад и да ја подобри инфраструктурата за третман на отпадните води и дека француските компании се добредојдени да учествуваат во овој процес особено важен за нашата земја.

На средбата беше констатирано дека во соработка со Француската агенција за развој – ФАР се реализираат проекти на централно и локално ниво во различни општини.