Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Меџити: Започна интензивна акција за чистење на Чаир

Чаир се подготвува за Рамазан Бајрам. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чаир се подготвува за Рамазан Бајрам. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва беше присутен на почетокот на интензивната акција за чистење на јавните површини, која се реализира во рамки на подготовките за празникот Рамазан Бајрам, информира Општина Чаир во соопштение.

Општина Чаир секојдневно се ангажира за одржување и чистота на јавните површини, додека вечерва овој ангажман дополнително се интензивира. Започна целосно чистење на улиците, парковите, тротоарите и зоните околу контејнерите, со цел секој дел од Чаир да го одразува достоинството на овој празник.

„Рамазан Бајрам е празник кој нè обединува и нè потсетува на најдобрите вредности како општество. Наша одговорност е граѓаните да го дочекаат овој ден во чиста, уредена и достоинствена средина,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Реклама

Акцијата се реализира во соработка со јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, како и ДПД „Бајрам Мифтари“, со ангажман на сезонски работници на општината и користење на соодветна механизација за чистење и миење на улиците.

Оваа мобилизација се реализира во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, со цел граѓаните да го дочекаат празникот во што подобри услови.