Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Меѓународна работилница „Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“

Државниот завод за ревизија во соработка со меѓународната програма ОЕЦД – СИГМА,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија во соработка со меѓународната програма ОЕЦД – СИГМА, ќе одржи меѓународна работилница „Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“.

На отворањето на настанот ќе се обратат Максим Ацевски, главен државен ревизор на Северна Македонија и Бјанка Бретеше, заменик-директор на програмата ОЕЦД-СИГМА.

Како што најавија организаторите, настанот ќе ги собере челниците и експертите од врховните ревизорски институции од Словенија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Украина.

Реклама

Во рамки на дискусиите ќе бидат презентирани најновите меѓународни искуства во справувањето со еколошките предизвици, како и првиот глобален стандард за известување за климатските промени во јавниот сектор, издаден во јануари 2026 година.

-Во време кога еколошките предизвици имаат директно влијание врз економијата и квалитетот на животот, од суштинско значење е улогата на врховните ревизорски институции во обезбедувањето транспарентност и отчетност при спроведувањето на јавните политики за одржлив развој, стои во соопштението на Државниот завод за ревизија.