Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

МД „Илинден- Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува  подобрување на положбата на Македонците 

Македонското друштво „Илинден”- Тирана му го честита изборот на новиот албански прв…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското друштво „Илинден”- Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. 
 
-Дозволете ми, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитам изборот на оваа клучна функција и во посакам успех на вашата позиција како министер за Европа и надворешни работи, стои во честитката. 
 
Се посочува дека македонското национално малцинство во Република Албанија му изразува целосна поддршка и оти е убедено во неговиот успех.  
 
-Во исто време, веруваме дека под ваше водство ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакуваме здравје и успех во вашата работа како министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија и исполнување на обврските, се нагласува во честитката. 

Хоџа (59) кој е дипломат од кариера, на оваа функција дојде на место на Елиса Спиропали, во рамки на реконструкцијата на премиерот Еди Рама.

Тој е поранешен амбасадор во ОН и до изборот за министер, беше шеф на мисијата на Албанија во ЕУ.