Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Масовно за Богојавление во Охрид – Крстот во рацете на Никола Јакимоски

Дваесет и девет годишниот Никола Јакимоски кој за себе гордо кажува дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет и девет годишниот Никола Јакимоски кој за себе гордо кажува дека е само охриѓанец-ја прекина доминацијата на варошани и го извлече крстотод осветените езерски води. Овој млад човек кој  за големиот христијански празник Богојавление се капи од 15 годишна возраст, обидувајќи се да доплива до чесниот крст,ги претекна останатите капачи.

“Секогаш е тешко да се капиш на ладни води,ама ете желбата да се фати крстот е поголема од тешкотиите. Здравје, среќа, напредок и прогрес на сите полиња, љубов, убавини, свадби, дечиња. Амин Господе. И не си Варошанец? Од Охрид сум јас, охриѓанец. Во јордани к’ршчајушчесја тебе Господи..” –запеа Никола Јакимоски,-фаќач на крстот

Како никогаш до сегаза големиот христијански празник Богојавление, во осветените езерски води скокнаа стотици капачи кои дојдоа од сите градови на земјава но и странство, во надеж дека светиот крст ќе се најде во нивните раце.

Реклама

-“Бог се јави, догодина се надевам дека уште ќе се фрлам за крстот.-Пред се’ го правиме тоа чисто за здравје, за среќа, со верба во Бога. Колку души дојдовте од Битола? Пет, шест души се фрлавме по крстот, втора година”

Нити ниската температура на водата од  8 степени не ги поколеба капачите да си ја пробаат среќата. Екипите на Црвениот крст задоволни од тоа како протече манифестацијата.

 “Се помина во најдобар ред, две помали интервенции на извлекување на две деца кои што беа премрзнати и неколку интервенции на медицинските екипи од посекотини”-вели  Сашо Точков,Црвен крст Охрид

Древниот тропар ,,Во Јордание” од утринава одекнуваше низ калдрмисаните улички на Охрид. По симболичното капење во водите кое значи духовно раѓање, верниците се покрстуваа миејќи се и налевајќи од езерската вода која ќе ја понесат дома. Домаќинките пак приготвуваат рибја или шкембе чорба – се собира на софра целото семејство.

-“Ова е најсвечениот и најсветлиот празник во христијанството. Јас сум горда и среќна ,од Прилеп сум, дојдов специјално по повод на овој свечен и стварно боженствен ден.Пресреќна сум што Охрид ја продолжува ова традиција, ова езеро да го просветли да стане уште побогато уште по посетено.-Како охриѓани ќе се напијаме топла ракија ,ќе каснеме пача.Вашето девојче е малечко му браневте да се капи? Не и лани исто се искапи,желба и беше,мислам дека е убаво.Како е чувството да се капиш на ова ладно време?Не е баш ладно кога ќе влезам во вода некое чудно и убаво чувство имам,убаво ми беше да го доживеам и јас тоа нешто.-Наполнавте вода? Да затоа што ќе осветена, ќе ја пиеме на сабајле нагладно, за здравје и за бериќет”

Со желби за добро здравје и среќа,градоначалникот Пецаков на фаќачот му подари осветена икона и крст израборен од филигран.Тој упати празнична порака и до своите сограѓани:

 Посакувам здравје, среќа и успех не сами на фгаќачот на крстот туку буквално на сите охриѓани и на цела нација.Им посакуваме една просперитетна 2024-та,тукму така како што наликува, не за друго,затоа што друга опција и друга татковина немаме”-рече Кирил Пецаков,градоначалник на Охрид

Охриѓани буквално живеат за овој ден, бидејќи фрлањето на крстот е традиција која ја негуваат од памтивек. Охрид-центарот на православието, на овој голем христијански празник, денеска блесна со исконска убавина,градот е полн со гости. И годинава се одржи групно крштевање во водите на Охридското Езеро, убава традиција која започна пред 14 години.

Росица Голабоска