Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Марков: Буџетот е клучен чекор за подобрување на фискалната стабилност и носи решение за хаосот оставен од претходната власт

Денес на собраниската Комисијата за финансирање и буџет, на која се расправа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес на собраниската Комисијата за финансирање и буџет, на која се расправа Предлог- буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Петар Марков, кој посочи дека овој буџет е клучен чекор за државата кој ќе обезбеди постојан раст и развој ,и е резултат на детална анализа ,со што ќе се овозможи живот во едно напредно општество.

Тој во неговото излагање наведе дека ќе се обрати не само како пратеник туку и како граѓанин на Македонија и како даночен обврзник, кој работи и придонесува во заедницата, па нагласи кои позитивни мерки и проекти треба да се продолжат за подобрување на животот и стандардот на граѓаните.

„Овој буџет е клучен чекор за подобрување на фискалната стабилност на нашата држава за обезбедување на потребните средства за реализација на владините приоритети, со овој буџет се осигуруваме дека државата ќе ги исполни своите обврски кон граѓаните и ќе обезбеди континуиран економски раст и развој“, изјави Марков.

Реклама

Тој се осврна и на тоа во каква ситуација е оставен државниот буџет од претходната власт, дека е доведен до една катастрофална состојба, а сето тоа поради несовесното планирање и неконтролирано трошење на претходната власт, без реални инвестиции.

„Опозицијата, која до неодамна беше на власт, покажа неспособност во управувањето со државната каса. Тие кои цел живот живеат на државен грб, сега ни предаваат за економијата и фискалните правила. Тие не разбираат дека реалниот сектор е клучен за економскиот напредок, дека треба да се гради, произведува и да се создава додадена вредност“, посочи Марков.

Пратеникот потенцираше кои области ќе бидат во фокусот на буџетот, и дека ќе се обезбедат средства за исполнување на сите обврски во новата фискална година, покачени плати во здравството, образованието, дека најголем дел од планираните средства ќе бидат наменети за финансирање на здравствените услуги и исплата на обврски на јавните здравствени установи.
„Буџетот за 2025 година е фокусиран на имплементација на капитални инвестиции исклучиво за продуктивни проекти: инфраструктурни и енергетски проекти кои ќе бидат во функција на бизнис секторот, капитални проекти од комунална и друга локална инфраструктура за подобрување на општите услови за живот на граѓаните (подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството и заштитата на животната средина), стратешко планирање на големите инфраструктурни проекти, како и зголемен износ на капитални инвестиции со значајно подобрена структура и значителен износ на средства како капитален трансфер за општините“, рече Марков.