Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

МАНУ: Академијата секогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство

Има само една, Македонска академија на науки и уметности, и таа, нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има само една, Македонска академија на науки и уметности, и таа, нема да навлегува, во никакви дневно политички расправи, и партиски дискусии, кои ја оптоваруваат редовната дејност на академијата, односно нема, да навлегува во работи, кои спаѓаат во доменот, на законодавниот дом, и на државните институции.

Ова се вели, во писменото соопштение на ману, по бројните реакции, на политичките партии и јавноста, во врска со најавата, за формирање албанска академија на науките и уметностите.

Во соопштението, од МАНУ, се вели, и дека, академијата, секогаш била отворена за сите граѓани, кои ги исполнуваат, високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно, од етничката, верската, и од каква било друга припадност.

Реклама

„Од нејзиното основање, до денес, членови, во академијата, биле припадници на македонскиот народ, но исто така, и на сите етнички заедници.

Меѓу другите, во последните 15-тина години, во составот на МАНУ, имаше, четири члена со албанска етничка припадност, од кои двајца, беа потпретседатели на академијата, а еден, се уште има мандат, во актуелното раководство на академијата“, се вели во соопштението, од претседателство на МАНУ.