Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Mанчевски: Со филмот во Македонија владеат политички династии

Епски криминал и ненаменско трошење на државни пари, се случувале во „Агенцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Епски криминал и ненаменско трошење на државни пари, се случувале во „Агенцијата за филм“. Она за кое „Алфа“ периодов истражуваше на големо, за Македонската информативна агенција го зборува и познатиот режисер во македонската кинематографија и филм Милчо Манчевски.

Во интервју за Миа, режисерот објасни дека институцијата која требало да се грижи и да ја развива македонската филмска индустрија, вслушност била водена од политички династии кои ја довеле пред колапс.

Обвини дека само лани биле потрошени 3,5 милиони евра за филм, а не бил снимен ниту еден. Се финансирале 39 филма, а парите никогаш не биле вратени.

Реклама

Не бил поднесен ниту отчет за трошењето на државните пари на фестивалот „Манаки“, а Манчевски јавно праша и зошто се финансирале филмови кои никој не ги гледа, и не се поддржани од светски копродукции.

„Се финансираат проекти на гангстери од политички династии, филмови кои никој не ги гледа ниту дома, ниту во странство, кои не се поддржани од светски копродукции, не играат на релевантни фестивали (за награди и да не зборуваме), домашната публика ги игнорира. Па, зошто тогаш се снимаат тие филмови, наместо филмови на талентирани млади (или докажани) автори? Дали некои од тие филмови вратиле дел од приходот на државата, како што пропишува законот (моите да)? Дајте ги фактите. Извештајот на Министерството за култура е прв чекор во отворањето на таа црна дупка на народни пари и невидливи филмови“, вели Милчо Манчевски.

И наместо државата да ги гони виновниците за корупција, таа го казнила него затоа што јавно се охрабрил да зборува и да го открие криминалот кој се случува во ова тело.

Од новата влада очекува да реагира по допрен глас и го разреши целиот случај. Го повика премиерот да го проследи извештајот од Министерството за култура до Обвинителството и МВР, за да може институциите што побргу реагираат.

„Иако корупцијата што ја укажав изминативе години ја потврдија и државни институции, инспекции, Министерството за култура, а и Транспаренси интернешнл  –  сепак, самата влада не ги казни виновниците за корупцијата, туку ме казни мене како укажувач. Ова е војна со криминалци, со филмска мафија, ова не е кавга на две јатрви на капиџик или битка на кланови. Ова е борба за законитост наспроти политички прогон на укажувач на корупција“, вели Манчевски.

Режисерот е категоричен дека народот мора да знае колку се крадело во Агенцијата за филм и во ДФРМ за тоа како се местеле конкурси и кој имал судир на интереси. Во спротивно, младиот човек ќе биде демотивиран односно ќе биде мотивиран што побргу да побегне од државата. Но, ако види дека живее во фер општество, колку и да е тоа сиромашно ќе има доверба во системот. За скандалите и сомнежите за криминалите во Агенцијата за филм „Алфа“ веќе подолг период во детали истражуваше и објавуваше податоци, а освен Манчевски гласно реагираа и други филмски работници и бараа да се расчистат сомнежите за поделбата на пари кој од страна на поранешното раководство се вршело по принцип на семејни и пријателски врски.

Најеквентантни примери за тоа беа Томи Салковски, Игор Иванов – Изи, продукциските куќи сестри и брат Митевски, на чие конто завршија илјадници евра за проекти од кои за добар дел од нив, јавноста нема увид како и за што се потрошиле парите.

Љубиша Владимиров