Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Манчевски контра Василевска – нова низа обвинувања меѓу филмаџиите за делењето државни пари

Во Агенцијата за филм има сериозни криминали кои се потврдени и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Агенцијата за филм има сериозни криминали кои се потврдени и со увидот што го изврши Министерството за култура. Ова за ТВ Алфа го тврди режисерот Милчо Манчевски, кој додава дека дури 39 проекти добиле средства во висина од 50 милиони денари, а не снимиле филмови ниту ги вратиле парите.

  • „ДФРМ, кое е организатор на Фестивалот Браќа Манаки, со години не поднесува финансиски извештаи за истиот. Незаконски се извлекувани средства преку фестивалот Златна Рамка. Законот се прекршувал во континуитет од директорот, Бојан Лазаревски и од Управниот одбор, како и од група концентрирана околу ДФРМ кое го раководат Игор Иванов-Изи и Томи Салковски.“ – Изјави филмскиот режисер Милчо Манчевски.

Претхоодно, во изјава за Алфа, филмската критичарка Ана Василевска алармираше дека и продукциската куќа на Манчевски, „Банана Филм“ противправно добила пари од филмскиот фонд, иако не дале финансиски извештаи за потрошени околу 950.000 евра, народни пари.

Манчевски, пак, вели дека било само обид да се сврти вниманието од негативниот извештај на министерството за култура, кој го добила агенцијата за филм, бидејќи се местеле конкуриси.

  • „Судир на интереси е констатиран и кај Ана Василевска која… Примала исплати во исто време од Агенцијата, ДФРМ, Медиа програмата и Министерството за култура.“ – Додава Манчевски.

И додека филмските работници меѓу себе се обвинуваат кој и колку незаконски земал народни пари од Агенцијата за филм, Министерството за култура и натаму ги крие наодите од увидот што беше извршен иако даде негативно мислење за работата на оваа институција. Алфа се уште ги чека сите документи и извештаи кои ги побаравме и повикувајќи се на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Реклама

Никола Цветкоски