Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Манасиевски: Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај за 5,5 милиони денари, ЈО веднаш да постапи

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната партиска прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски спротивно на законските обврски, не донел решение за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед во Сарај, иако надлежната организациска единица доставила предлог за истото. Со ова, над 5,5 милиони денари биле слеани во фирмата со одобрение на Оливер Спасовски, противзаконски.

Што се крие и зошто Спасовски не постапил за одземање на овластувањата на техничкиот преглед во Сарај? Дали зад заштита на Спасовски стои нешто друго?

Реклама

Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на истиот овој технички преглед? И колку од нив немало да поминат на друго место?

Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. Во оваа насока, го повикуваме ЈО веднаш да постапи.

А што се однесува до СДСM, наместо оградување и дистанцирање од криминалите на лица како Спасовски, тие повторно ги бранат криминалите на нивните поранешни владини, а сегашни партиски функционери.

Како тргнала работата, во СДСM нема еден чесен политичар да остане.