Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Манасиевски: Оливер Спасовски не постапил согласно Закон кога било потребно, поради вакви системски грешки ни се случи трагедијата „Беса Транс”

Оливер Спасовски не постапил кога бил должен да постапи и затоа Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оливер Спасовски не постапил кога бил должен да постапи и затоа Македонија се соочува со последици кои никогаш не смееле да се дозволат, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Оливер Спасовски не го одзел овластувањето на станицата за технички преглед во Сарај, иако имало официјален извештај со констатирани неправилности, тој не презел мерки во законскиот рок, туку реагирал дури три месеци подоцна, со што директно овозможил фирмата да се здобие со противимотна корист од 5,5 милиони денари.

Уште потрагично е тоа што, Оливер Спасовски реагирал дури три дена по трагедијата во Бугарија во која загинаа наши 45 сограѓани, со автобусот кој поминал технички преглед во истата оваа фирма во Сарај.

Реклама

Дали доколку Оливер Спасовски реагирал навремено ќе била спречена оваа трагедија?

 Дали Спасовски имал некаков договор со фирмата и затоа им овозможил дополнително работење за да може и тој да ќари? Дали Оливер Спасовски во страв и паника веднаш по несреќата го одземал овластувањето затоа што имал грижа на совест?

ДКСК во 2023 година утврдила одговорност и побарала од владата да се разреши Оливер Спасовски или самиот тој да си поднесе оставка.

Почитувани граѓани,

Вакви институционални пропусти со тешки последици не смееле да се случат. Сите треба да знаат кој стоел на позицијата што требало да ја штити безбедноста на граѓаните.

Правда и одговорност мора да има!