Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Манасиевски: Наводно неподмитливите од Левица на Апасиев станаа профитери со купување конфискуван имот под реалната цена

Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Апасиев и Левица, кои се претставуваа како скромни, неподмитливи и народни, денес се демаскирани. Апасиев, од левичарска и работничка партија, ја претвори Левица во елитистички партија со која гази врз сопствените членови. Доказ за тоа е купувањето на конфискуван недвижен имот во центарот на градот, за цена од 250 илјади евра, многу пониска од реалната. Јавноста беше замајувана дека тоа не е вистина, но сепак вистината излезе на површина, а тоа е дека просторот навистина е купен преку директен договор со извршител и банка, за кои Левица долги години беше против. Истата таа Левица, и истиот тој Апасиев, кои до вчера ги обвинуваа другите за корупција и за привилегии, денес самите стануваат дел од истите практики. Од граѓаните бараат донации, а парите завршуваат во џебот на партискиот врв. Од другите пратеници бараат отчет за патни трошоци, додека самите го прават истото, истакна Манасиевски.

Апасиев и Левица се сè, само не се неподмитливи и скромни. Нивната вистинска агенда е јасна, од наводно неподмитливи до профитери, додава Манасиевски.