Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Манасиевски: Наместо лаги за Томовски, добро е СДСМ да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица

Каде е тука криминалот? Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ како и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каде е тука криминалот? Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни, рече Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, прашан за обвинувањата од СДСМ за наводни злоупотреби на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, и дека неговата семејна фирма  добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. 

Во одговор на новинарско прашање на прес-конференција денеска Манасиевски рече дека „тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче кои го претставуваат за антикорупциски тим мислат дека сега ја открија Америка“.

– Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни. Прашањето е каде е тука криминалот? Јасно е дека нема. Наместо текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица. Тие ќе им кажат дека ваквата реторика освен правење  димна завеса за прикривање на криминалот на Зоран Заев, нема никаква друга релевантност, кажа Манасиевски. 

Реклама

Лага е тврдењето на СДСМ, рече, дека фирма на Томовски добила милионски тендери затоа што тој „нема фирма и нема никакви приходи од споменатата компанија која и таа самата тоа го потврди“.

-СДСМ велеа дека главниот број на фирмата е бројот на Томовски. Вистината е следна: службените броеви на компанијата се други, а личниот број на Томовски е негов со години. СДСМ тврди дека Томовски бил донатор на ВМРО ДПМНЕ и тоа било потврда дека тој имал бизниси. Вистината е следна: јавен и никогаш скриен податок е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, и тоа не значи кршење на било каков закон. Во овие три наврати се потврдува дека СДСМ лаже. Но, го прашуваме Венко, дали не е криминал тоа што додека тој е министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градеше модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 наши сограѓани? Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат, додаде Манасиевски.