Реклама

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Македонија

Манасиевски: Ги градиме темелите на локалните самоуправи, доаѓа времето на Македонија

Само една година беше доволна да се покаже како треба да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само една година беше доволна да се покаже како треба да се работи кога се во прашање локалните самоуправи. Една година јасна визија за тоа како треба да се постават темелите за квалитетни, урбани и модерни локални самоуправи, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека во минатото, кога ова министерство беше користено за задоволување на коалициски желби, пополнување на дупките во Буџетот на општините кои ги краделе општините и давање на поддршка само на градоначалници од редовите на СДСM и ДУИ. Сега веќе не е така. Општините имаат партнер во Владата и поддршка за реализација на проекти. Приоритетното предизборно ветување за 250 милиони евра за општините, се реализираше за само неколку месеци. Во двата повика досега, спроведени од Владата и ресорното министерство, беа спроведени над 1000 проекти, во вредност над 20 милијарди денари, капитални проекти за граѓаните. Се инвестира во делот на транспортот, животната средина, социјалната заштита, образованието, спортот и така натаму. Конечно, се воведува ред и дисциплина. Се поддржуваат општините со финансиски средства, без разлика на тоа градоначалниците од која партиска, етничка или верска припадност припаѓаат. Новите законски измени, воведуваат отчетност, транспарентност и дигитализираност на локалните самоуправи. Советите и градоначалниците се рамо до рамо со граѓаните и реагираат на нивните потреби и барања, истакна Манасиевски.

Нашите ветувања стануваат реализација. Ние не ветувавме чуда, туку работа. Локалните самоуправи се директно поддржани и тоа нема да застане тука. За секој еден граѓанин, за секоја една општина. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, додаде Манасиевски.