Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Манасиевски: Филипче со мотор во Грција кај Заев шест дена на одмор, а во Скопје преку активисти шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните

Филипче со мотор во Грција кај Заев шест дена на одмор, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче со мотор во Грција кај Заев шест дена на одмор, а во Скопје преку активистите шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните, соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на Фејсбук.

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДСМ, со мотор отишол на гости кај неговиот ментор, Зоран Заев.

Имено, од свиркачи дознаваме дека на 06.08 во 16:40 часот, Филипче со својот мотор е виден на граничниот премин Богородица, по што се упатил кај неговиот ментор Заев во Паљури, 6 дена на одмор. 

Реклама

Не му требаше многу на предавникот Филипче за да отиде кај неговиот другар по криминал и предавства, Заев, за заедно да ужуваат на скапата јахта и од морската шир во Грција да делат насоки за делување на неговите пајташи.

Додека Филипче тера ќефови, ужива по скапите јахти со Заев на Егејот, во Македонија го остави најдолниот слој од талогот на СДСМ со јасни насоки да шири хистерија, паника и страв кај граѓаните и тоа за водата за пиење. 

Толку од “грижата” на Филипче за граѓаните. Кога Заев ќе го повика, за него целиот свет застанува. 

Водата во Скопје е безбедна, а оние кои намерно ширеа дезинформации и паника меѓу населението, очекуваме од МВР и ЈО да бидат повикани.