Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

МАН: Се може да се смени, само СДСМ останува прогонител

Македонската асоцијација на новинари (МАН) од објави на порталите дознава дека политичката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската асоцијација на новинари (МАН) од објави на порталите дознава дека политичката партија СДСМ поднела кривична пријава против правни и физички лица во врска со телевизијата Алфа зa перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги, меѓу кои „Таргет медиа„ Скопје, „Алфаскоп“ ДОО, потоа сопственикот и основачот на „Таргет медиа“, како и управителите на „Таргет Медиа” и „Алфа Скоп” ДОО.

Подносителот на пријавата, политичката партија СДСМ не дава докази или околности во врска со своето тврдење, туку наведува во што се сомнева, а сомневањето не го поткрепува.

Вака поднесена кривична пријава ја сметаме за експлицитен и брутален притисок врз ТВ Алфа против која СДСМ води јавна војна веќе со години наназад.

Реклама

Потсетуваме дека СДСМ беше на власт 7 години, и тоа во периодот кој го посочува дека се извршени делата за кои тие се сомневаат и денеска поднеле кривична пријава. Доколку имало незаконско работење на ТВ Алфа во тие 7 години, преку владините институции и судовите под нивна контрола СДСМ можеле тогаш да поднесат кривична пријава и да очекуваат процес.

Но, и покрај сите контроли од сите институции на владата на СДСМ, не се утврдени кривични дејствија ниту пак се утврдени некакви неправилности во работењето на ТВ Алфа и пријавените во кривичната пријава.

Откако СДСМ не утврдиле незаконитости и неправилности во период на нивното владеење за кое се однесува кривичната пријава, сега бараат институциите од новата влада да најдат нешто што тие не го нашле и што не постои.

Таргетирањето на политичка партија и ваков брутален притисок кон еден медиум со национална фреквенција, МАН и јавноста го доживуваат како обид за уништување на слободата на јавното мислење и новинарската професија.

А кога веќе отвора прашање за перење пари преку маркетинг, обвинителството и СДСМ треба да седнат и утврдат дали и како се переле пари за партиски потреби на СДСМ преку Фондацијата Заеви и преку маркетинг агенцијата Токио, која се поврзува со нивниот поранешен премиер Димитар Ковачевски.

Уште еднаш го повикуваме јавното обвинителство по службена должност да си преземе мерки против политичката партија СДСМ и нејзините функционери согласно член 382 и 383 од Кривичниот закон, бидејќи, заканите кон новинар, снимател или друг медиумски работник и медиум кој врши професионална задача се третира како напад врз службено лице.