Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Македонското правосудство глуво на прекорувањето од ЕУ

Европа ги кара, ама нив мува не ги лази. Последниот извештај за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европа ги кара, ама нив мува не ги лази. Последниот извештај за Македонија нотира нетранспрентност на Советот за јавни обвинители и дава насоки тие почнат да ги образложуваат своите одлуки. И покрај прекорувањата и советите на ЕУ, новоизбраната претседателка на Советот  Душица Димитриеска пред една недела го чекаше преводот на извештајот за да одговори на оваа забелешка. 

И додека се чекаше англиски превод, членовите на советот на Обвинители си го изгласаа Кодексот за етика без никаква расправа, ниту образложение.

Реклама

Претседателката Димитриеска негираше дека не расправале за кодексот, иако јавоста ниту виде, ниту слушна, ниту пак може да најде нешто на нивниот сајт.

Освен образложувањата за кодексот на етика, јавноста не може се уште да го види на писмено објаснувањето зошто е разрешена поранешната шефица на организиран криминал Вилма Русковска.

Димитриеска беше упорна во одоговорот дека на писмено ќе може да се прочита одлуката, зашто немаше волја усно да одговори.

Критики не само за Советот на обвинители, ЕУ го искара и Судскиот совет за нетранспаретност како и за спорно и скандалозно однесување. Но и покрај ова, пред неколку дена апелацискиот судија Енвер Беџети кој 9 месеци го криеше во фиока предметот за најголемата прислушувачка афера во земјава, од страна на Судски совет беше казнет со 20 % од плата во наредните 6 месеци.

За постапките на Беџети и неговите колеги во Апелација загриженост изрази и американската амбасадорка, Ангела Агелер, но бадијала.

Оваа година Европската Комисија ја даде најлошата оценка за напредокот во борбата против корупцијата и криминалот, а на многу ниско ниво сме и во спроведувањето на реформите во правосудството со низа скандали.

Без напредок е и зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права.