Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Македонското еколошко друштво ќе спроведува европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-пиндскиот Регион

Прекуграничното управување и зачувување на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка е главната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прекуграничното управување и зачувување на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка е главната цел на новиот европски проект LIFE DinPin Bear (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048), кој до 2031 година ќе го спроведуваат девет европски држави, вклучително и Македонија, под водство и координација на германската организација „Евронатур“.

Во рамки на проектот, претставници на Македонско еколошко друштво (МЕД) и Министерство за животна средина и просторно планирање учествуваа на првата проектна средба во Будва, Црна Гора заедно со околу 50 претставници од 21 партнерска организација.

Динаро-пиндската популација на кафеавата мечка (Ursus arctos) се протега низ деветте земји учеснички на проектот: Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија. Со речис 4.000 единки, оваа е најголемата популација на мечки во Европа поради што нејзиното зачувување е истовремено и голем предизвик и голема неопходност.

Реклама

– Преку научен пристап и методологија првпат ќе се направи мониторинг на кафеавата мечка во Македонија, што ќе придонесе кон зачувување на нејзината екологија. Овој проект ќе ни овозможи да добиеме одговори на повеќе прашања за нејзините живеалишта, популација и улога во екосистемот, вклучително и на прашањето колку мечки воопшто живеат во македонските шуми – објаснува Александар Стојанов, координатор на проектот во МЕД.

Кафеавите мечки отсекогаш биле прогонувани иако ги избегнуваат луѓето. Како најголеми сештојади на континентот, тие имаат клучна улога во нивниот екосистем: ги регулираат биодиверзитетот, структурата на живеалиштата и циклусите на хранливите материи. Хрватска, Словенија и Грција досега имаат спроведено успешни практики за зачувување и закрепнување на популацијата на мечката, но нејзината долгогодишна одржливост е доведена во прашање поради конфликтите меѓу човекот и мечката и загрозените живеалишта.

Проектот, кој е кофинансиран од програмата LIFE на Европската Унија, ќе се фокусира на креирање на неопходните правни, управувачки и социо-економски услови за да се осигури зачувувањето на популацијата на кафеавата мечка по должината на динаро-пиндскиот планински масив.

Во пракса, како што се наведува во соопштението од МЕД, ова значи дека ќе се пополнат празнините во управувањето со мечката во земјите што не се дел од ЕУ и ќе се обезбеди координирано прекугранично управување на популациско ниво.

Проектот е замислен како мултидисциплинарно партнерство меѓу универзитети и истражувачки институции, национални и локални власти и невладини организации од областа на екологијата и животната средина, а секоја земја ќе учествува со претставници од една владина институција и една невладина организација.