Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Македонско-грчки ИКТ-бизнис форум во Скопје

Над 100 претставници на технолошки компании, институции и организации од државата и од Грција денеска на форум во Скопје ќе разговараат за можностите за конкретна соработка, заеднички проекти и настап на регионалните и европските пазари. Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum го организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 100 претставници на технолошки компании, институции и организации од државата и од Грција денеска на форум во Скопје ќе разговараат за можностите за конкретна соработка, заеднички проекти и настап на регионалните и европските пазари.

Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum го организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE.

Според организаторите, станува збор за еден од најголемите билатерални настани меѓу Македонија и Грција во последните години, со повеќе од 140 однапред организирани деловни средби меѓу компаниите и кој првпат се одржува на ниво на оваа индустриска гранка.

Реклама

– Нашата цел е од овој форум да произлезат нови договори, а не само нови визит-картички. Веруваме дека македонските и грчките компании имаат многу повеќе простор за соработка отколку што денес го користат и токму затоа ги создаваме овие можности за директни средби меѓу нив –  вели претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски.

Во рамките на форумот ќе биде потпишан и меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, со кој двете организации ќе воспостават поинтензивна соработка во областа на дигиталната економија, иновациите и технолошкиот развој.

Настанот ќе биде отворен од претставници на МАСИТ и SETPE, а најавено е учество и на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заменик-министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасиевиќ-Варџиски, и амбасадорката на Република Грција во Македонија, Софија Филипиду.

Покрај официјалниот дел, ќе се одржат презентации на компании од двете земји, како и B2B-средби посветени на создавање нови деловни партнерства и развој на конкретни бизнис-иницијативи.