Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Македонските тутунари извисија и со пролонгираниот откуп на тутунот, неоткупени останаа безмалку еден милион килограми тутун

         Македонските тутунопроизводителите повторно извисени. Пролонгираниот рок за откуп на вишокот тутун…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

         Македонските тутунопроизводителите повторно извисени. Пролонгираниот рок за откуп на вишокот тутун од ланската реколта кој заврши на 31-ви март, не им ги реши целосно проблемите. Според нивните проценки, и покрај бројните ветувања, во тутунските амбари, останати се уште најмалку 700 тони тутун, но стравуваат дека тие количини се и поголеми.

   „Заврши една тешка и понижувачка реколта за тутунарите, со просечна цена од 159 денари според ИСАП-ситемот, но на терен останаа количини околу 500 до 700 тони, но не е проблем, тие количини да достигнат до еден милион килограми….Тој тутун, точно е, ќе остане за наредна реколта, меѓутоа ќе изгуби на квалитет. Но, што е, тоа е, каква ни е државата и такви ни се условите оваа година за проценката и продажбата на тутунот“, – вели Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.

   Исправени пред предизвикот за новата сеидбена реколта, а која веќе е во ек и соочени со беспарицата, тие денеска испратија, којзнае кое по ред, ново писмено барање до премиерот за итна исплата на средствата од петтиот пакет ковид- мерки, во вкупна вредност од пет милиони евра.

Реклама

   „Тука го потсетивме премиерот дека ни ветуваше просечна откупна цена од 180 до 185 денари. Ако се знае податокот дека просечната откупна цена достигна 159 денари, бараме таа разлика од 26 денари да ни се исплати линеарно на секој тутунопроизводител. Исто тука, му напоменавме и за петтиот ковид-пакет, во кој ние како тутунари бевме внесени во тој пакет, меѓутоа до ден – денс нема изгласано одлука во Собранието. Апелираме што побрзо да се донесе таа одлука и тие средства, какви-такви, колкави и да се, да се распределат веднаш до тутунарите“, – објаснува Мирчески.

   Инаку, годинашаната реколта ќе тежи 21 милиони килограми, или 2 милиони килограми помалку од лани. Следственона ова, тутунарите велат дека престојната реколта ќе била многу потешка и попонижувачка, бидејќи ќе морале да бараат алтернативни култури за да можат да преживеат, оти во спротивно,ќе станеле социјални случаи.

 Каролина Дурло