Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Македонските текстилци ја губат конкурентноста, нрачаките се намалуваат, фалат и работници

Македонските конфекции остануваат без работа. Порачките од германските партнери драстично се намалени.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските конфекции остануваат без работа. Порачките од германските партнери драстично се намалени. Единствено што работат се ситни налози со по стотина парчиња, нарачки кои поради малиот обем конфекциите од Бангладеш, не ги прифаќаат. Немањето на работна сила, како и високите трошоци на домашниот пазар, се причини поради кои македонскиот текстил станува неконкурентен..

„Цените на нашите услуги, за она што го работиме надвор не растат како што нагло порасна и минималната плата, која е 58% од просечната и тоа голем дел од конфекциите ги направи нерентабилни. Она што сега работиме се ситни налози„ изјави Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи.

Од некогашните 65.000, во моментот во македонските конфекции работат околу 25.000 работници. Проценките се дека во наредниот период бројот на вработени може да се намали за уште 5000, објаснува Димитров. Бројот се намалува не само поради тоа што нема работа, туку и поради фактот што младите не сакаат да работат во текстилната гранка. Потребно е да се направат дополнителни измени во Законот за работно ангажирање, со што пензионерите нема да имат годишно ограничување од максимум 180 работни дена, објаснува Димитров.

Реклама

„Ние предлагаме за пензионерите кога ќе работат да нема ограничување годишно. Ако пензионерот, сака да работи може да работи на 4 или 8часа и тоа е во ред. Но, зошто да му се ограничува времето ? Зошто да му се ограничи работата на 3 месеци, а он сака и понатаму да работи? Со тоа пак ќе го тераме да работи во сива економија, на црно . Како и сега што работат сите пензионери на црно„ изјави Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи.

За 2024 година извозот на текстилната и кожарската индустрија изнесува 518.5 милиони долари и е 6,15% од вкупниот извоз на државата. Висока застапеност со околу 93% има на лон производството , а само 7% отпаѓаат на класичното производство.