Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Македонските пожарникари го одбележуваат 20. Мај – денот на пожарникарството

Со звук на сирени, густ чад, противпожарни возила, на показна вежба пожарникарите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со звук на сирени, густ чад, противпожарни возила, на показна вежба пожарникарите ја потсетија јавноста за нивната секојдневна безрезервна храброст и пожртвуваност  во служба на граѓаните. Во дворот на скопската противпожарна бригада со церемонија беше одбележан денот на пожарникарите.

„Малкумина денес се подготвени да се жртвуваат за да ги заштитат граѓаните. Вработените во бригадата за противожарна заштита секојдневно го прават тоа, ризикувајќи го својот живот и помагајќи им на другите. Горд сум што сум дел од бригадата во која работат вредни и способни луѓе кои се определиле за оваа специфична професија. Особено сум горд што имав прилика да ја дополниме бригадата со млади и енергични луѓе кој одлучија да застанат на патот на пожртвуваноста.“- вели Командантот на противпожарната бригада во Скопје, Ѕвонко Томески.

Надлежните најавуваат и модернизација на станицата во Скопје, нови вработувања, како и набавка на возила и современа опрема. Формиран е и кризен штаб во повеќе градови за полесно и координирано справување со пожарите, особено за време на летниот период.

Реклама

„Создадовме кризен штаб кој што ќе делува на региони, да бидеме подготвени но и во секое време да знаеме која општина каде ќе треба, ако недај боже се случи пожар да биде подготвена за да интервенира и за да не губиме време во организација. Да имаме точно и прецизно начин и пат по кој што ќе се движиме наредниот период, мислам дека така ќе бидеме многу повеќе подготвени за да влеземе во процесот.“- вели градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Противпожарната бригада во Скопје моментално брои 213 вработени а располага со 44 пожарни возила.