Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Македонските пензионери не сакаат „социјален пакет“, утре одат на нов протест во Скопје

     „Нам не ни требаат „социјални пакети“. Тоа е невидена навреда за нас.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

     „Нам не ни требаат „социјални пакети“. Тоа е невидена навреда за нас. Нашите барања ги повторуваме речиси шест месеци. И тие се јасни како бел ден. Линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари и минимална пензија од 18.000 денари. Затоа, утре пак ќе одиме на нов протест во Скопје“, порачаа денеска прилепските пензионери.

   „Пакетот мерки се предизборна кампања на СДСМ. Тоа им е предизборна кампања со што мислат дека со тие неколку месеци ќе ги купат пензионерите. Но, пензионерот никој не може да го купи. Знаете зошто? Затоа што пензионерот е гладен, е болен и на пензионерот му се сметките неплатени, даноците. Затоа ние ги молевме цело време да не излегуваат со такви мерки. Нека ги тргнат тие социјални пакети“, – рече Верче Јанческа од ИО на пензионерите.

  Пензионерите се сомневаат и дека се правеле манипулации од страна на Министерството за труд и социјала, во врска со бројот на пензионери во првата и втората група. Убедени се дека со таквата пресметка биле сокриени најмалку 25.000 пензионери кои земаат минимални пензии.

Реклама

 „Значи, во втората група се 51.000, не се 25.000 пензионери, за да дојдат до една трета-четврта група до 93.000. Значи, тоа е она за што зборуваме ние цело време – зошто од нас не зедовте во работната група?! Ако не сакате да ви помогнеме, барем можеме да ви воочиме на грешките кои што ги правите“, посочи Јанческа.

   На македонските пензионери, утрешниот протест во Скопје, кој е четврти по ред, им  е закажан за во 11 часот пред републичкото Собрание. Според нив, Парламентот и пратениците им биле последната инстанца која може да им ја врати надежта дека сепак некој мисли на нив во нивната борба за враќање на загубениот достоинствен пензионерски живот.

                                                                                                       Каролина Дурло