Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Македонската Влада е најтранспарентна во регионот. Според Индексот на активна транспарентност на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската Влада е најтранспарентна во регионот. Според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации, македонската извршна власт е најотворена во споредба со Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Високо котира и Собранието, кое е второ најотворено во регионот, веднаш зад црногорскиот парламент. На домашен план, најтранспарентна општина е Демир Хисар, додека меѓу министерствата на првото место е Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, единственото министерство со максимални 100 проценти активна транспарентност. Отвореноста на институциите годинава бележи раст од два проценти во однос на лани. Просечната активна транспарентност на Владата, министерствата и општините изнесува 82 проценти од максималните 100.

„Во моментот поднесени се 334 жалби од почетокот на годината. Со тоа што треба да знаете нели имавме еден мал застој во почетокот на годината од април месец до април месец имавме 142 жалби со тие 142 почнавме одеднаш. Се е решено, сите жалби се процесирани така што агенцијата работи во полн капацитет со бројната состојба на луѓето што ги имаме во моментов“, изјави Петар Гајдов, директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Поголемата отвореност на институциите е важна и во процесот на европските интеграции, бидејќи транспарентноста е еден од принципите на добро и одговорно управување. Амбасадорката на Шведска, посочува дека дел од предизвиците со кои се соочува Македонија се слични со оние во Шведска, но разликата е во долгогодишното искуство и информираноста на граѓаните.

Реклама

„Предизвиците со кои се соочувате овде на многу начини се исти со она со што се соочуваат организациите, граѓаните и медиумите во Шведска, но некои предизвици овде се поголеми. Искуството кај нас е подолго и граѓаните си ги знаат своите права поврзани со информациите“, изјави Ола Сулстром, амбасадор на Шведска

Од Владата велат дека транспарентноста е право на секој граѓанин – секој има право да знае како се трошат јавните средства, што се случува со важните процеси и како се носат одлуките. На важноста на отвореноста на институциите укажуваат и од Собранието.

„Како отворено собрание како никогаш досега и како комисија за политички систем даваме пример за тоа како треба да се однесуваат институциите и во рамки на нашата комисија каде што оваа институција денес реферира и дава годишни извештаи, вие како медиуми сте сведоци дека во изминатиот период за секое едно важно законско решение дали од правосудството дали од делот на администрацијата ние организиравме јавна расправа“, изјави Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието

Слободниот пристап до информации е важен за целото општество, бидејќи преку достапните информации граѓаните можат да следат како работат институциите, како се трошат буџетските средства и на кој начин се креираат политиките во државата. Токму затоа, подобрувањето на активната транспарентност од година во година значи и поголема достапност на институциите за граѓаните.