Реклама

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Прилози

Македонските граѓани може да бидат безбедни: Политичките криминалци ќе одговараат за сторените кривични дела

Со македонската Влада граѓаните можат да бидат безбедни, политичките криминалци ќе одговараат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со македонската Влада граѓаните можат да бидат безбедни, политичките криминалци ќе одговараат за сторените кривични дела, порача премиерот Христијан Мицкоски. Според него со жестока борба против криминалот и корупцијата мора да се врати надежта кај обичните луѓе. Мицкоски нагласува дке а како Влада покажуваат дека може поинаку од она што било претходно.

-Сега се поставува прашањето како овие кои што денеска се обидуваат да дефокурсираат, не успеале изминативе седум години ништо да сторат во оваа насока, а ние за помалку од шест месеци како Влада, молевме за трпение и покрај сите опрструкции кои ги имавме молевме за трпение, да само во неколку дена преку една робусна акција влеземе во разбирање на ваков тип на криминални структури. Со оваа Влада граѓаните можат да бидат безбедни, продолжуваме во нашата одлучна битка во разбивање на ваков тип на криминални структури, изјави премиерот.

Една од главните цели на Владата е економскиот развој на државата. Мицкоски порача дека активно се работи на ова поле.

Реклама

-Првичната наша цел беше да го сопреме слободниот пат, во што успеавме, ја консолидиравме состојбата, а потоа постепено да дојдеме до точка нула. Можам да кажам дека ние се уште не сме дојдени до точка нула, се качувамем. Очекувам на пролет некаде да дојде до точка нула, месец март, април и потоа да почнеме да ја развиваме државата онака како што имаме намера, изјави Мицкоски.

За органите на прогонот не е достапен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Според Мицкоски тоа е доказ дека не е чист пред законот.

-Факт е дека не бил чист како солза, бидејќи ако бил чист како солза, немало потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и коалицијата, но и самата Влада што ја предводи, навистина прави се што може во овој момент да испорача резултати.

Матеја Петровски