Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Македонските државјани кои загинаа во Словенија се две деца на возраст од 4 и 11 години и 74-годишна жена

Полициската управа во Копер соопшти дека меѓу загинатите три лица во сообраќајната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициската управа во Копер соопшти дека меѓу загинатите три лица во сообраќајната несреќа на автопатот Приморје во Словенија, две се деца на возраст од четири и 11 години, а третата жртва е 74-годишна жена. Повредената 33-годишна жена е однесена во болница со хеликоптер, а 39-годишниот возач со амбулантно возило, соопшти Полициската управа во Копер.

Претходно македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија потврди дека тројца македонски државјани, едно полнолетно и две малолетни лица, загинале во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот А1 во близина на Унец, Словенија.

– До Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец. Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Северна Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани. Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер – стои во соопштението.

Реклама

Македонската Амбасада во Љубљана, додаваат, е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката. 

Тројцата македонски државјани, кои загинаа во сообраќајната несреќа во Словенија се од село Житинени, Општина Центар Жупа.

– Немам зборови со кои би ја искажал тагата од оваа страшна трагедија која ги потресе жителите на нашата општина. Семејството е по потекло од село Житинени, а живеат во Равена Италија. Се молиме, за закрепнување на другите две повредени лица, кусо за МИА изјави градоначалникот Аријан Ибраим од општина Центар Жупа. 

 Во автомобилот, според него биле родителите на децата и нивната баба, мајка на возачот.

Словенечки Автомото, вчера обајви дека несреќата се случила попладнето, кога поради дефект камионот застанал во просторот за запирање, а возачот на автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката од, засега непозната причина. Во моментот на несреќата во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекарот ја потврдил смртта на три лица на самото место. Едно тешко повредено лице било пренесено во болница со хеликоптер, додека повредениот возач бил пренесен со амбулантно возило.