Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Македонските аеродроми со рекорден раст на бројот на патници

Расте бројот на патници од македонските аеродроми. Минатата година има зголемување за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на патници од македонските аеродроми. Минатата година има зголемување за 9%. Во месец декември лани, од македонските аеродроми се превезле дури ¼ повеќе патници во споредба со декември 2024. Дополнително зголем е и број на летови за 4 отсто споредено со 2024 година. Само во октомври се воспоставија неколку нови линии.

Од охридскиот аеродром се лета до Базел. Од Скопје пак се воспоставија нови линии кон Стокхолм на главниот аеродром, потоа до Штутгарт, Бари и до Ларнака, Кипар. Директорот на ТАВ Македонија, Неџат Курт, потврди дека активностите на Владата ги подобри резултатите.

„Новите дестинации, континуираната соработка со авиокомпаниите, зголемената побарувачка за патувања и посветеноста на нашите вработени овозможија стабилен и одржлив раст. Овие резултати ја зацврстуваат позицијата на македонските аеродроми како сигурни и конкурентни регионални воздухопловни центри и ни даваат силна основа за уште поамбициозен развој во наредниот период“, изјави Неџат Курт, директор на ТАВ Македонија.

Реклама

Минатата година во процент на превезени патници, охридскиот аеродром го надмина скопскиот. Од Охрид, дневно патувале за 16.3% повеќе патници од 2024 година, додека пак од Скопје полетале за 9 проценти повеќе.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, уште лани најави дека од пролетва, од скопскиот и охридскиот аеродром ќе се лета во скоро 50 градови во Европа, со што бројот на превезени патници се очекува да ги надмине и овиее засега рекордни бројки.