Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Македонски наставници и воспитувач учествуваа на меѓународни проекти во Будимпешта

Двајца наставници  од машинска и текстилна струка и десет ученици при ДУЦОР…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца наставници  од машинска и текстилна струка и десет ученици при ДУЦОР „Партенија Зографски’’ – Скопје, зедоа учество во меѓународен проект, во рамките на Еразмус+ програмата, реализиран во Будимпешта-Унгарија, во период од 21ви октомври до 2ри ноември. Воедно, други двајца наставници и еден воспитувач учествуваа во „Job Shadowing‘‘ исто така во Будимпешта, во период од 21ви ноември до 25ти ноември.

Главна цел на проектот беше вработените да се стекнат со нови искуства во работата, додека нашите ученици да се стекнат со практично знаење во машинската и текстилната област и да развијат позитивен однос кон работата, преку директна инволвираност во работниот процес во партнерските фирми.

Во делот „работа во сенка‘‘ или „job shadowing‘‘ учесниците имаа можност да се запознаат со образовниот систем за лицата со оштетен слух и лица со аутизам во Унгарија.

Реклама

Во рамките на оваа активност беше реализирана посета на училиште за лица со оштетен слух и лица со аутизам.

Посетата на училиштето се состоеше од набљудување на  методите на работа и начинот на поддршка на учениците. Употребата на технологијата при учење, нивната интеракција, социјална интеграција и емоционална поддршка како и развивање на чувството на одговорност.

Учениците од машинската струка најпрво беа запознаени со производната програма и машинскиот парк на самата компанија. Како уводен дел во практичната настава беше одржано предавање за заштита при работата. На секоја работна позиција и задача на учениците им беше објаснета технолошката операција, алатот со кој треба да работат, заштитните средства што треба да користат (ракавици, заштитни очила …) и им беа укажани можните опасности од несоодветно ракување со машината и алатот. Учениците имаа можност да се запознаат со припрема и програмирање на машинате за изработка на делови. При секоја операција се вршеше контрола на мерките што се зададени на цртеж и изработени на машината. Пред да почне сериската изработка првиот дел се носеше на завршна контрола. Учениците извршуваа операции како, доработка на сечени делови на ласер. Пресување на завртки и наврки на одредени позиции. Виткање на делови на преса,  машинско брусење на површини по сечење на ласер , заштита на осетливи делови што треба да се доработуваат, пунктирање на метални лимови и др.

Учениците од текстилно кожарска струка беа запознаени со фирмата во која што треба да го обавуваат практичниот дел од текстилната струка. Беа запознаени со сите фази кои што подразбираат поставување на шаблони, кроење со ножички, шиење, лепење на фиксир преса, како и завршно пеглање и пакување на готовиот производ.

Учениците со секојдневната посета на своите работни позиции се стекнаа со нови вештини и знаења, од практичниот дел на машинството и конфекционирањето.Исто така, во своето слободно време, учениците имаа можност да го разгледаат градот, со различни посети на музеј, културни манифестации како и посета на Парламентот, зоолошка градина.