Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Македонски државјанин го признал убиството на 45-годишна Гркинка исчезната пред три седмици на островот Крит

Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а која на 30 мај исчезна, додека пак нејзиното тело утрово беше пронајдено. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а која на 30 мај исчезна, додека пак нејзиното тело утрово беше пронајдено.

За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во нејзината куќа бил и последниот кој ја видел пред да ѝ се изгуби секаква трага пред три седмици.

Токму затоа уште од самиот почеток се најде во фокусот на полицијата, беше повикан да даде исказ, но негирал секаква поврзаност со исчезнувањето на жената.

Реклама

Македонскиот државјанин во петокот беше уапсен за поседување и одгледување дрога, а за време на испрашувањето во полициската станица за случајот со исчезнатата во текот на ноќта, го признал убиството и на полицајците им го посочил местото каде што го закопал телото, кое потоа било пронајдено.

Околу причините за убиството, наводно рекол дека со сопственичката се скарале околу состојбата во станот. Станува збор за 43-годишниот М.Л. со македонски пасош, кој повеќе години живее и работи на Крит и нема криминално досие.

Во станот на исчезнатата живеел неколку години, во првичните искази пред полицијата, веднаш по исчезнувањето рекол дека на 30 мај, сопственичката го посетила за да ги земе парите за киријата, по што си заминала.

Со оглед на тоа што бил и последниот кој ја видел жената, се најде под лупа на полицијата, која спроведе истрага и во станот и во трите возила на македонскиот државјанин, кои иако биле темелно исчистени, сепак биле пронајдени остатоци од крв во станот и едно од возилата.

Станува збор за случај што во изминатата седмица беше една од главните теми во Грција, со оглед на тоа што сторителот, иако беше еден од главните осомничени, не само што при исказите пред полицијата негирал каква било поврзаност, туку и даваше изјави за медиумите пренесувајќи ги неговите ставови и префрлајќи ја вината врз други.