Реклама

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Македонија

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана

Државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства во Македонија е уапсен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства во Македонија е уапсен во Тирана од страна на државната полиција, во рамки на 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативец“.

-Станува збор за Бесим Шерифи (52), жител на Копаница, Сарај, Македонија, кој подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово – соопшти албанската полиција. 

Според полицијата, по неколкумесечни истраги и потраги од страна на Дирекцијата на Специјалната оперативна единица, осомничениот бил лоциран во реонот на Суво Езеро во Тирана, каде што бил уапсен со цел екстрадиција.

Реклама

Проверките покажале дека по Шерифи  била распишана  меѓународна потерница од Интерпол Скопје, откако Судот во Скопје во 2007 година му изрекол мерка притвор за кривичното дело „Убиство“, кое според македонското кривично законодавство се казнува со доживотен затвор.

Според надлежните органи, Шерифи се сомничи дека на 5 октомври 2007 година, во селото Копаница во Скопје, со огнено оружје убил три лица.

-При физичкиот претрес и во станот, кај лицето се пронајдени и одземени еден косовски пасош, косовска лична карта и возачка дозвола, сите фалсификувани, со податоци за државјанин од Косово – се наведува во  полициското соопштение.

Се додава дека процедуралните материјали за кривичното дело „Фалсификување исправа“ се упатени до Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Тирана, за понатамошно постапување.

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Скопјe, ќе ги продолжи процедурите за екстрадиција на Шерифи во Македонија.