Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Македонската Влада засега не размислува за строга забрана за користење на социјалните мрежи за малолетници

Строга забрана за користење на социјалните мрежи за малолетници засега не е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Строга забрана за користење на социјалните мрежи за малолетници засега не е опција на која размислува македонската Влада. По исклучувањето на младите до 16 години од „Тик-ток“ и „Инстраграм“ во Австралија, прашањето за забрана се отвори во повеќе држави. Министерот за дигитална трансформација не се согласува  со срого ограничување, бидејќи децата секако ќе најдат алтернатива како што се случи во Австралија. Според Стефан Андоновски, власта размислува во насока на советување со родителите кои треба да следат повеќе што прават малолетниците до таа возраст.

  • Мое мислење е дека треба да работиме со родителите да ја насочат потребата на децата кон нивните мобилни телефони, кон алатки кои што им се од корист, а не кон алатки на кои поминуваат премногу време, а немаат никаква придобивка. Во таа насока, повеќе размислуваме за работа со родителите, отколку на некакви строги забрани,“ рече министерот.

Некои родители веќе иницирале собирање потписи за забрана за користење социјални мрежи да биде воведена во Македонија. По групи на „Фејсбук“ повикуваат да се потпишат на пецитиција која подоцна би ја доставиле до Владата и Собранието. 

Министерот Андоновски, пак е дециден дека доколку Астралија успее да го спроведе до крај може да има позитивни резултати, но, вели, веќе читаме дека децата наоѓаат начин како да ги заобиколат забраните.

Реклама

Сепак забраната не ги одалечи децата од телефоните. Откако Австралија ги забрани „Инстаграм“ и „Тик Ток“, се зголеми користењето на други апликации кои се претставуваат како „најбезбедни алтернативи“ за деца на возраст од 9 до 16 години.Австралискиот премиер Ентони Албанезе ја брани забраната и е свесен дека на почетокот ќе биде тешко, но според него мерката на крајот ќе спаси животи.

Американскиот сенатор Џош Холи го поздрави законот, а Франција, Данска, Малезија и други земји веќе најавија дека планираат да го следат примерот на Австралија.